независен синдикат на државна управа

обединети.

Наша работа не е да гледаме што се надзира во далечината, туку она што е јасно поставено пред нас.

за нас

секогаш стабилни

Основни цели на НСДу се остварување, унапредување и заштита на економските, социјалните и други права и интереси на своето членство, на вработените во во правните субјекти основани од Влада на Република Македонија и сите институции кој што се основани од локалната самоуправа со цел заштита и афирмација на правата и слободите на работниците и заштита и афирмација на останатите слободи и права загарантирани утврдени со Устав и закон пред судовите и Уставниот суд на Република Македонија.

Нудиме

правна помош

Гранскиот Независен Синдикат на Државна Управа има склучено договор за соработка со над 15 адвокати на ниво на цела држава, а со цел давање на бесплатна правна помош и бесплатно застапување на правата од работен однос пред надлежните судови без никаков надоместо од членот. Адвокатскиот тим е вклучен во подготвување на Предлог Колективни Договори на ниво на работодавач.

Мирно решавање на спорови од работен однос

Дефинирање на конфликт и стратегии за мирно решавање на спорот.

предлог колективни договори

Социјалниот дијалог и колективно договарање со работодавачот како и правните консултации се дел од синдикалната ДНК.

Коминтенти и соработници

Преку склучување на договори со трговски друштва до подобар социјално-економски статус и поволности на членот

 

        Обезбедување на правата на сите работници според постојните закони,

        Создавање и обезбедување подобри услови за материјална егзистенција,

        Обезбедување културно-информативни и економски врски меѓу вработените,

        Размена на искуства и следење на примената на законските и подзаконските акти и прописи како и на колективните договори,

        Колективно договарање во организациите и заедниците на работодавачите и изготвување на Колективни Договори,

        Создавање и обезбедување услови за заштита и афирмација на правата и слободите на работниците утврдени со Уставот на Република Македонија пред судовите и пред Уставниот суд на Република Македонија според Законот за работни односи,

        Издавање весници во пишана или електронска форма и изградба на синдикални клубски простории во рамки на можностите,

        Организирање синдикални спортски игри,

      Соработка со други синдикални организации во Република Македонија, синдикални асоцијации и меѓународни синдикални организации,

        Размена на искуства и следење на примена на закони, подзаконски и интерни акти,

        Ефикасно користење на средствата на синдикалната борба, вклучувајќи го и правото на штрајк и протест,

 

        Вршење на други работи и задачи во интерес на членовите и останатите работници од работните организации каде што НСДА има членство.

Услови за зачленување

Во НСДУ може да се зачленат и да членуваат сите лица кои се вработени во: државните органи (согласно закон за административни службеници, законот за вработени во јавниот сектор, Каталог на работни места во јавен сектор, локалната самоуправа, правосудните органи, здруженијата на граѓани, други служби и правни лица во државната и јавната управа) и сите институции вработените во правните субјекти основани од Влада на Република Македонија и сите институции кој што се основани од локалната самоуправа како и од останати работни единици согласно член 2 став 3 од Статутот.

Во НСДУ можат да членуваат работници и од други работни организации, потпишувајки Пристапница и почитувајки го Статутот, Програмата и останатите акти на НСДУ.

Сите членови се рамноправни и еднакви во остварувањето на правата и обврските утврдени со Статутот без разлика на полот, расата, националното и социјалното потекло како и политичкото и верското убедување.
Секој член има право да покренува иницијативи, да дава предлози, да биде биран и да избира тела во НСДУ.

Членовите се обврзуваат да го почитуваат статутот на НСДУ и да постапуваат согласно него и сите други акти кои произлегуваат од НСДУ.

Член на НСДА се станува по потпишување на пристапна изјава – Пристапница, за членувањето во синдикатот е слободно и доброволно.

одговорни тела

Со работата на НСДУ управува и раководи Претседателот.

Одлучувањето во НСДУ се врши преку претставниците во телата и другите форми на организирање и дејствување на НСДУ, на начин и постапка утврдени со статут и со актите на телата на НСДУ.

Претседател

Горан Ристески

Претседателот на НСДУ ја претставува и застапува НСДА, се грижи за примената на овој
Статут и Деловникот на Собранието на НСДУ и врши други работи утврдени со статутот, деловникот и другите акти на НСДУ.

Извршен одбор

Извршниот Одбор учествува во изготвувањето на Годишната Програма за работа на Синдикалната Организација и во донесувањето на Годишниот Извештај на С. О.

Надзорен одбор

Надзорниот одбор на НСДУ врши надзор и контрола над материјално-финансиското работење на НСДУ за што поднесува писмен извештај до Собранието на НСДУ.