Независен синдикат на државна управа

Ние..

гордо се претставуваме

НЕЗАВИСEН СИНДИКАТ НА ДРЖАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА е форма на организирање на работниците во: државните органи (согласно закон за административни службеници, законот за вработени во јавниот сектор, Каталог на работни места во јавен сектор) локалната самоуправа, правосудните органи, здруженијата на граѓани, други служби и правни лица во државната и јавната управа чија работа е: самостојна,деполитизирана и независна од државните органи и работодавачите.

НСДА претставува синдикат на вработените во правните субјекти основани од Влада на Република Македонија и сите институции кој што се основани од локалната самоуправа. НСДА има за цел застапување, остварување на економските, социјалните и други права на работниците загарантирани со Уставот и законите на Република Македонија.

Во рамки на НСДА може да бидат и вработени во други државни субјекти кои ќе произнесат желба и потреба за приклучување и заштита на нивните работнички права за кои ќе се основаат Синдикални организации до формирање на грански синдикат од областа.

„Пробај да не бидеш успешен човек, туку човек од вредност“

Знамето е со жолта боја, во средината е вграден амблемот на НСДА, во горниот дел на знамето над грбот пишува “НЕЗАВИСEН СИНДИКАТ НА ДРЖАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА”, а во долниот дел на знамето под грбот е испишан скратениот назив „НСДА“.

Амблемот на НСДА се четири споени квадрати навлезени еден со друг и се обоени во: сина, црвена, жолта и зелена боја.

Логото на синдикатот е со сврзани букви ,,SS” параграф кој ја симболизира одлучноста и работата на вработените во институциите, во средината е логото на НСДА над кое со лента се напишани зборовите “НЕЗАВИСEН СИНДИКАТ НА ДРЖАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА”, а во средината е претставен параграф. С.О. можат да имаат и друго лого од областа на дејноста.

Односот на широчината и должината на знамето изнесува еден спрема два. Графичките решенија на знамето и грбот на НСДА се утврдени со посебна одлука донесена од Собранието.

НСДА во својата работа ги употребува и државниот грб, државното знаме и државната химна на Република Македонија.

цели и задачи

секогаш одлучни и одговорни

Основни цели на НСДА се остварување, унапредување и заштита на економските, социјалните и други права и интереси на своето членство, на вработените во во правните субјекти основани од Влада на Република Македонија и сите институции кој што се основани од локалната самоуправа со цел заштита и афирмација на правата и слободите на работниците и заштита и афирмација на останатите слободи и права загарантирани утврдени со Устав и закон пред судовите и Уставниот суд на Република Македонија.

Основни задачи на НСДА:

        Обезбедување на правата на сите работници според постојните закони,

        Создавање и обезбедување подобри услови за материјална егзистенција,

        Обезбедување културно-информативни и економски врски меѓу вработените,

        Размена на искуства и следење на примената на законските и подзаконските акти и прописи како и на колективните договори,

        Колективно договарање во организациите и заедниците на работодавачите и изготвување на Колективни Договори,

        Создавање и обезбедување услови за заштита и афирмација на правата и слободите на работниците утврдени со Уставот на Република Македонија пред судовите и пред Уставниот суд на Република Македонија според Законот за работни односи,

        Издавање весници во пишана или електронска форма и изградба на синдикални клубски простории во рамки на можностите,

        Организирање синдикални спортски игри,

        Соработка со други синдикални организации во Република Македонија, синдикални асоцијации и меѓународни синдикални организации,

        Размена на искуства и следење на примена на закони, подзаконски и интерни акти,

        Ефикасно користење на средствата на синдикалната борба, вклучувајќи го и правото на штрајк и протест,

 

        Вршење на други работи и задачи во интерес на членовите и останатите работници од работните организации каде што НСДА има членство.